Press "Enter" to skip to content

Започна реконструкцијата на “Булеварот 1- мај“ од кај Безистенот до Ленски мост

Денес започнаа градежните работи за комплетна реконструкција на “Булеварот 1-мај“ од левата страна на реката Драгор, од кај Безистенот (поренешна слаткарница) се до Ленски мост.

Денес се започна со отстранување на коловозната подлога, која беше од поголеми гранитни плочки, а според тоа како се одвиваа работиме претходно, од Ленски Мост до влезот во Старата Чаршија (кај Синџирот), ќе се менува водоводната инсталација, поправка на одводната инсталација, поставување на ивичници и на крај поплочување на тротоарот со гранитни плочки, и прередување на подлогата со гранитни плочки.

More from ВестиMore posts in Вести »