“Кромберг & Шуберт“ Македонија – Дооел Битола повторно организира отворен ден за сите оние кои сакаат да се запознаат со начинот на работа во компанијата.
За таа цел во петок 20 април 2018 годинасите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката која ке биде спроведена од страна на претставниците на команијата.
Превозот до Индустриската зона Жабени ке биде организиран од страна на Кромберг & Шуберт и тоа од следните постојки:
-Нов Пазар-Ресен во 9,30 часот
-Ракометно-Битола во 10,00 часот
-Дом на Култура Марко Цепенков-Прилеп во 9,30 часот
-Автобуска станица во Демир Хисар во 9,45 часот
во соработка со компанијата “МиГ Травел“ од Битола.
Автобусите ке бидат обележани со посебни натписи на кои ќе биде наведена намената на превозот.
Веќе шест години по ред ова компанија гради една поинаква приказна и придонесува за стабилноста на повеке од 6.100 семејства во Пелагонискиот регион.
Наша цел е да бидеме најголеми и најдобри со 7.000 задоволни вработени.