Со самото влегување во градската кафеана хотел “Епинал“ внимание привлекуваат прекрасно аранжираните и декорирани слатки, колачи, десертите и торти. За целиот асортиман на слатки задоволства е заслужна Весна Петровска, шеф во слаткарската работилница при хотел “Епинал“. Новиот менамент на хотел “Епинал“ ги промовира своите вработени кои со срце и душа се предадени на својата работа меѓу нив Весна Петровска со која го направивме разговорот и фотографиите во нејзиниот “сладок свет“ на богаттсво на вкусови, мириси и идеи – слаткарската работилница. Колач со јаболко, печен cheesecake, нутела торта и многу други десерти со различни вкусови се специајлитети кои се дело на Весна Петровска која низ насмевка започна:
-Повеќе од 35 видови вкусови кои можете да ги вкусите само во градската кафеана при хотел „Епинал“. За време на пандемијата после карантините направивме бум во нарачка на слатки, колачи и торти.Не знам можеби загриженоста, непријатни чувства со кои се соочуваа луѓето во време на пандемија придонесоа за тоа, што нам на сите вработени во кујната и слатакарската работилница во Епинал ни прави големо задоволство.
Битолчани ја знаат по својата умешност на правење и украсување торти работејќи на повеќе работни места низ Битола. Секако тука се и нејзините успешни учества на тортијади “Битолски слатки филиграни“ во Битола и натпреварите на „Вешта жена“, а себеси скромно се престави:
-Не сакам многу да зборувам за себе. За мене и мојот карактер нека зборуваат слатките креации кои ги имам направено низ мојата долгогодишна работа како слаткар. Ќе кажам само дека по природа сум уметничка душа сум и покрај овој слаткарски занает во мојат живот се занимавав и со други работи каде е потребна креативност и око за естетика. Тука само ќе раскажам интересна случка од моето детство поврзано со мојата работа. Мојата прва торта ја направив на 6 годишна возраст кога сама дома си зедов се што е потребно, но кога ја ставив да се пече на 300 степени, таа изгоре и тавата заврши во ѓубре за која авантура мајка ми никогаш не дозна, благодарение на баба ми. Потоа не се зафатив со вакво нешто, но знаев постојано да си играм во песок, цемент или со кал да правам разни чуда од торти кои ги украсувава со камчиња, толчено стакло и други декорации од природни материјали. Многу од нив беа многу успешни иако завршпува неславно, најчесто изгазени. Уметничка душа по природа уште од најмала возраст.
Така и во основно и средно образование омилен предмет ми беше ликовно. Учествував на многу ликовни натпревари на кои освоив награди. … и бев многу добар уметник. Тоа ми помогна понатаму во украсувањето и декорирање на тортите. Голема желба имав да се запишам на моден дизајн во Загреб Хрватска да студирам за моден креатор. Моите родители кои имаа презаштитнички став, не ми дозволија да заминам и останав во Битола, каде завршив Педагошки факултет. Ниту еден ден немам работено како наставник. Прва работа како слаткар ми беше во „Млин Стојчев“ каде имаше голем асортиман на многу видови слатки, колачи и торти. Таму работев 12 години, а потоа како што животот ми нудеше различни предизвици работев на повеќе места со голема пожртвуваност и работа. Сега цело мое досегашно искуство го донесов и пренесувам во слаткарската работилница во хотел „Епинал“.
Шеф на слаткарска работилница при хотел „Епинал“. Одговорност голема. Кажете ни повеќе?
-Во хотел „Епинал“ работам скоро две години на работно место шеф на слатакарската работилница која со својата модерна опременост по највисоки стандарди за оваа дејност, ми ги дава сите можности за работа. Тука се изработуваат сите слатки, колачи, десерти и торти за градската кафеана, казино, гостите од хотелот. Ова е мојот свет на различни слатки и вкусови. За време на карантинот и за оние кои беа сместени во изолација во другиот дел од хотелот. Тој период ми остана во сеќавање кога со посебно внимание ги правев слатките за тоа мени.
Секоја сезона различно мени… а со тоа и нови слатки, колачи, десерти…
-Тоа се таканаречените тематски аранжмани. За секоја сезона посебни слатки, колачи, десерти… Различен вкус, различно овошје… За празници исто така. Аранжирањето на истите ми прави големо задоволство, а и тоа привлекува кога убаво се наредат во витрините на градската кафеана. Посебно примамливи се слатките, колачите на коктелите по кои е познат хотел „Епинал“ ги вкусиле гости, ВИП личности на фестивали како “Manaki Brothers“, Битолско лето. Тука се протоколарни коктели за претседатели, премиери… како и организирање на приватни забави, свадбени веселби и посебено свадбената торта.
Кажете ни повеќе за тој вид на подготовка.
-На коктелите кои се организираат по повод различни манифестации најпримамливо делуваат слатки, колачи, десерти кои ги правиме и украсуваме со посебно внимание. Тие коктели нудат можност за голема фанатазија и креативност во нивното аранжирање заради големината на масите и просторот. Градската кафеана во хотел „Епинал “ е позната по нив. Тука ќе ги напоменам и свадбените торти за кои секогаш сакам да се во тренд, но и спрема личностите кои ја прават сведбената церемонија. Многу често јас им предлагам каква да биде тортата, врз основа на тоа какви ќе бидат аранжаманите на главна маса, боја, стил… Свадбента торта како да ја одбележува церемонијата и сите очи покрај во младенците се свртени во неа. Заради ова посебно се вложувам во декорирање и украсување на истата.
Повеќе години учествувавте на познатите тортијади „Битолски слатки филиграни“ во Битола и натпревари на „Вешта жена“. Тоа искуство го пренесувате сега на своето работно место…
-Тортијадите „Битолски слатки филиграни“ кои беа со хуманитарен и ревијален карактер беа многу успешни и на нив можеа да се видат многу креативни креации изработени од вредни раце. Хуманитарниот карактер им даваше големо значење и популарност. Голем број битолчани се воодушевуваа на изработките. Натпреварите на „Вешта жена“ посебно ми се значајни бидејќи уште со моето прво учество во 2008 година, а потоа и 2010 го освоив прво место на ниво на град Битола. Два пати бев прва на ниво на Македонија, и Гранд При. На овие натпревари настапуваав со интересни аранжамани кои ги пропратив и со стил на облека во која бев облечена, а самата си ги имав смислено и сошиено.
За крај…
-Би истакнала дека одговорноста на моето работно место е голема со многу предизвици, но јас сум борец кој не се плаши од работа. Голема благодарност изразувам кон директорите на хотел „Епинал “ застапуван од Валентина Бабамовска и Невен Дарковски кои сакаат да ги промовираат своите вработени, а меѓу нив прва со овој разговор за вашиот портал.






