Press "Enter" to skip to content

Наградени најдобрите оратори на Факултетот за правни науки на “Славјански“

На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржа четвртиот по ред “ОРАТОРСКИ ДЕН“ во организација на Факултетот за правни науки при МСУ, со присуство на голем број на студенти, професори, политичари и други гости.

За најдобар оратор на ниво на целиот универзитет беше прогласен Илија Трајков, студент во втора година на Факултетот за правни науки, кој се претстави со говорот на Робеспјер пред француските пратеници.Второто место припадна на Александра Мицевска од Факултетот за психологија со говорот насловен “Одлив на млади умови“.

Димитра Цилевска, студентка на Факултетот за психологија беше третопласирана, а нејзиниот говор беше “Судењето на Сократ“.Првото место беше наградено со златна плакета и ваучер во висина од 300 евра, второто место со сребрен плакета и ваучер во висина од 200 евра, а третото со бронзена плакета и ваучер во висина од 100 евра.

More from ВестиMore posts in Вести »