Слегувајки надолу од кај “повожњакот“ кон Старата битолска чаршија не можете, а да не го видите бутикот “Ивет“ кој со добро уредениот излог паѓа во очи, а со влегување забележувате простор уреден со вкус, по светски терк на моден салон.А, моделите за претстојната сезона пролет/лето 2018 година веќе беа уредно наредени и насекаде околу нас најразлични бои и дезени.-Целата сезона ќе биде во прекрасни бои ни вели сопственичката Весна Цветановска, а нашите биточанки ќе бидат преубави со моделите од сезоната пролет/лето која благодарение на современите технологии и производителите кои што континуирано ја пратат светската мода таа брзо станува достапна и кај нас.Во бутикот „Ивет“ има најразновидни парчиња на модели во најразлични бои кои ја карактеризираат оваа модна пролет и лето. Тука се пастелните бои, цветните дезени и елегантната пудра розе боја која е една од главните бои оваа сезона.Покрај многу модели на кошули, пантолони и туники во очи ни паднаа долгите фустани во цветни и други дезени во “бохо“ стил кои оваа сезона се „must have“ за сезоната пролет/лето 2018.-Се трудиме да им излеземе во пресрет и се стремиме да ги задоволиме желбите на нашите битолчанки кои и самите важат за секогаш добро облечени и со препознатлив стил. Заради тоа тие знаат што сакаат и обично се што е модерно тие го понесуваат секоја сезона. Тука би ди споменала и материјалите на моделите кои се трудиме да се квалитетни заради тоа соработуваме со наши македонски производители кои прават модерна гардероба од природни материјали во кои доминира памукот како најпријатен за топлите денови. Токму поради тоа кој стил го преферираат на нашите потрошувачи им претставуваме гардероба почнувајќи од тренди, модерна и практична се до префинета и гламурозна и истата најчесто ја комбинираме со акцесори (чанти и накит), ни кажа Весна Цветаноска, и ги покани сите модни зависнички да го посетат бутикот “Ивет“ и да заблескаат со најразноводни бои во овие убави пролетни денови.
Ж.Ристевска