Press "Enter" to skip to content

Битолската полиција уапси тројца прилепчани дилери на дрога

Три лица се уапсени во Битола рано изутринава поради производсто и продажба на дрога, соопшти МВР, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола и полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Битола во 3:30 часот во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи извршена е контрола во угостителски објект на улица “Македонски гемиџии” во Битола.

При контрола на објектот легитимирани се 15 лица и од слобода се лишени три лица поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Уапсени се Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп.

При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја, која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење. 

More from ВестиMore posts in Вести »