Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “мачо карактер, “големо бебе“ или “мајка“- “садомазохистички однос“ конфликти во психосексуалниот развој

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Според Фројд психосексуалните фази ги поминале сите возрасни личности, но прашање е само дали се фиксирани во некоја од нив.

Конфликти во секоја од фазите

Во текот на овој процес, во секоја од фазите постои психолошки конфликт што мора да се реши, така што детето може да напредува во неговиот развој. Колку е потешко да се реши конфликтот, толку повеќе тоа ќе влијае на личноста на поединецот за време на неговиот возрасен живот.

Кои се фази на психосексуалниот живот

-Орална фаза (1 година)

Карактеристики: од раѓање главна „ерогена зона“ е устата (можеме да го запазиме преку задоволството кое бебето го доживува при цицање, грицкање и голтање) Значајни се и кожата, сетило за слух (затоа бебеињата воглавном уживаат во благи масажи, лулање, носење). Една од главните карактеристики на бебето во овој период е себичност- целокупнто однесување е усмерено само на примање. Друга важна карактеристика е општа беспомошност и зависна положба во кој бебето се наоѓа. Психосоматиката започнува на оваа возраст:алергии, егземи, гастристис, а и срцеви проблеми, мигрени и сл.

Однос на родителот (мајката)

Детето своите потреби ги изразува низ плачење, кој во почеток е главен начин на комуникација. Мајките (или понекогаш татко) стануваат осетливи на плачот, ( дали е бебето гладно, уплашено, има болка и сл.) Доколку мајката поголемиот дел успева да ги препознае и задоволи потребите на бебето, детсиот развој ќе продолжи без тешкотии. Тогаш овие рзвојни постапки ги нарекуваме оптимална фрустрација, оптимална за понатамошниот развој. Премногу фрустрирање значајно повредува и може да остави силни траги на детето, а премалку фрустрирање не е доволно стимулативно, ниту охрабрувачко.за да детето понатаму би се движало низ развојните стадиуми. Ако дојде до фиксација во оваа фаза може да понесеме некои од овие однесувања во возрасно доба.  Како што се  агресивност или зависности како храна или пијалок.

Животни ставови од овие “развојни неуспеси“:  морам да го добијам она што го сакам, мора да ми давате, животот ми долгува – вие ми долгувате, се треба да работите наместо мене, мора да ми биде комфорно и лесно.

Однесување на „големо бебе“ со ФИКСАЦИЈА во оваа развојна фаза од психосексуалниот развој. Друга варијанта е личноста со фиксација за овој период да се однесува сосема „спротивно“. Не како „ големо бебе“, туку како „голема мајка“ однесувајќи се онака како што би сакала како спрема неа да се однесуваат. Особини (црти на личноста)кои можеме да ги понесеме во нашиот свет на возрасни безгранично давање, бескрајна добрина самопожртвувано однесување, самоповредување, нема да го ценат нашето давање, ќе почуствуваат дека не е взаемно, ќе не земаат здраво за готово, ќе им бидеме досадни и на крај повторно влегуваме во кругот на напуштање, осаменосот и негрижа

-Анална фаза ( 2 година)

Расне свеста за себе, а на „жал“ на бебето, тоа веќе влегува во процес на воспитување. Започнува таа фамозна НЕ фаза и „Ако бидам во тоа истраен, ќе имам своја автономија“

Однос на родителите

Родителите како да влегуваат во една своевидна борба на моќ со детето, бидејќи бидејќи нивните барања јакнат на пример со воспитување „Не фрлај“, „Не смее да ти паѓа храна“„ Не се валкај“… Ако родителите се премногу строги, детето нема прилика да ја провежба својата моќ. Со постојан страв неговото активно однесување преоѓа во пасивно – агресивен став: избегнување, одолговлекување, перфекционизам ( се трудам се да биде совршено за да ги избегнам сите строги критики, но бидејќи тоа е неможно изгледа дека нема да ја направам задачата)

Животни ставови од оваа фаза

И овој период има неколку важни особини кои можеме да ги понесеме во нашиот свет на возрасни: тврдоглавост, упорност, тежнение кон контрола, педантност, уредност и со тоа страв од нечистотија, срам / и или вина ако контролата попушти, креирање или строго придржување на правилата до екстрмност, стерилност која може да оди ( до несексуалност и гадење свртено кон телесни функции),  скржавост во смисла на недавање пари, но и ЕМОЦИИ.

Ако и родителите и детето успеале да пронајдат задоволство во разрешување на развојните тешкотии и одржале колку толку блискост, детето без фиксации ќе премине во следната развојна фаза.

Фалусна (3-6 години)

„Ерогена зона“ е полниот орган, иако и натаму и не во смисла на кој возрасните го интерпретираат. Треба да се има во предвид дека онаа фаза во предпубертски период е сфатен многу широко, далеку од она што е сексуалност за возрасна личност. Како таква детската сексуалност не е закана и ништо од што треба да се плашиме или бегаме. Во оваа фаза почнуваат да се јавуваат: иницијатива, љубопитност, истражување, заљубување, повремена борба за статус со родителите (потоа со личности од спротивен пол), а со врсниците: љубомора, завист и натпреварување.

Според Фројд Тука се јавува најголемиот развоен психолошки конфликт: Едиповиот комплекс кај мажите и комплексот Електра кај жените. (Електра комплекс е додаток на Јунг кон Фројдовата школа).

Доколку не ги разрешиме „комлексите“ ќе креираме разни стратегии за компензација. Во суштина тие можат да значат дека низ понатамошниот живот и други меѓусебни односи може или ќе стануваме дел од „триаголник“. На пример низ „закачување“за партнери кои не се слободни. Кај мажите купување на скапи и големи автомобили, разни титули, пари, влегуаат во караници, тепачки или промискуитетно однесување (на тој начин се формира т.н. „мачо “ карактер) Кај жените посебно ја вреднуваат : убавина, заводливосот, атрактвност, сексипил. Жената може да биде и пасивно фалицистична, што е однесување во кое исто така доаѓа до чувство на безвредност и став „ако си ти како мој партнер многу вреден, јас посебно ќе уживам во тој вид на маж, дури и со понижувањето кое со себе ја носи, агресивното однесување на мажот се поднесува (што можа да доведе или да се јави садомазохистичкио однос).

Латентна фаза (6-13 години)

Помеѓу шестгодишна возраст и пубертет, сексуалната енергија на детето влегува во состојба на латентност, потиснато од суперегото односно нашата психолошка структура која опфаќа социјални правила и норми. Се повеќе сме усмерени на врсници и тоа врсниците од ист пол, социјални игри, стекнување на знаења, откривање на себеси и светот.

Генитална фаза (13 –

За тоа време, спуштената енергија се користи за други задачи, како што е развој на социјални вештини. Од влегување во пубертет и активација на сексуалноста започнува ориентациуја на давање и примање. Затоа главна карактеристика е взаемност, рамноправност, размена, продуктивнсот, создавање- репродукција, семејство, биофилија, љубов спрема животот, раст и развој. Личноста во оваа развојна фаза: чувствува кога направи нешто што не ОК,  се извинува без проблем, нема тенденција на екслоатирање и искористување, туку кон фер однесувања, трудејќи се да се води и со чувства и морални вредности. Оваа фаза трае до крајот на нашите животи.

Дали се обидовте да се пронајдите во некоја фаза? Кои карактеристики се типични за вас?  Каде ги препознавате своите партнери, пријатели?

Често се наметнува прашањето дали можеме како возрасни да стигнеме до генителна фаза, ако сме под влијание дека сме заглавени на некоја од претходните. Можеме, низ воспоставување врски со позитивен, лековит партнер, позитивни зрели пријатели и

Психотерапија

При што многу е значајно да се има на ум дека терапијата не е  директно задоволување на потребите, кои не ни се задоволени во детсвото, туку преболување на незадоволените потреби и учење начини за да ги задоволиме сегашните и идните потреби. Затоа терапија знае да биде и тешка и болна, бидејќи полесно ни е да фантазираме, мечтаеме, чекаме нешто да ни се случи, некој да ни даде нешто, да ни среди, поправи, направи наместо нас.

Од Фројдовата теорија за психосексуалниот развој