-Поголем дел од овие 19 години ги поминав во аптека “Роса Вита“, сигурно повеќе тука отколку дома, со многу емоции ни рече Сузана Димовска сопственичка на “Роса Вита“.
Роденденска торта, букети цвеќиња, конфети, шампањ… сите детали кои ги красат роденденските прослави, но на прославата на роденденот на аптека “Роса Вита“ атмосферата исполнета со посебна возбуда, емоции кои не можат да опишат со зборови. Можеби фотографиите ќе доловат дел од неа.
-Можам слободно да кажам дека во овие бурни тешки времиња ова беше убаво да се види и доживее. Денес спонтано се смисли целата работа околу снимање, спотот, во кој секој секој вработен од своја страна кажува честитка и слоган, започна Сузана Димовска, која ја пресече роденденската торта и видно возбудена ги следеше сите во своите изјави.
-Еве го мојот тим кој победува во добро и лошо тука се со мене. Спонтано направивме оригинална прослава во нашиот тесен круг ние вработените во “Роса Вита“. Имено, младите дојдоа на идеја да снимат спот каде секој од своја страна дали фармацевт, нутриционист, техничар… каже неколку збора и слоган за аптеката. Сето ова предизвика радост, шеги на сметка кога секој зборува, некој глуми и.т.н. Слободно ќе кажам дека и после 19 години повторно “Роса Вита“ е како на својот почеток, со ист ентизијазам, енергија и сила која сега ја добивам од мојот тим млади енергични луѓе и сите заедно се носиме со предизвиците кои ги носат овие бурни времиња на работа во време на пандемија
https://www.facebook.com/1492667824362809/videos/382903582827922
За почетоците на “Роса Вита“, Сузана Димовска, емотивно кажа:
-Му благодарам на Бога за енергијата, ѕвездата која и ја подари на “Роса Вита“, му благодарам за силата која ми ја даде да ги издржам сите овие 19 години. Го кажувам ова бидејќи сето ова бара издржливост, откажување, истрајност и работа. Кога сега ќе се сетам не знам дали повеќе време од овие години сум ги поминала дома или овде. Сигурно повеќе тука бидајќи и кога сум дома размислувам за овде. Можеби и затоа и денес јас иако постара за една година, од минатиот 18. роденден, кога славевме полнолетство, повторно “Роса Вита“ е исто како и на своите почетоци. Денес го славиме овој роденеден во бурни, тешки времиња на живот со страшен вирус кој покосува, а за оваа пандемиска, измината година додава:
-Една година потоа од како почна сега сме можеби во најтежок период од пандемијата. Тимот на аптека “Роса Вита“ уште минатата година кога започна карантинот го превзеде товарот на дежурства и 24/7 во служба на граѓаните на град Битола и околината. Со ова аптека “Роса Вита“ во Битола, и 3 аптекарските станици во селата Могила, Новаци и Житоше беа на услуга на повеќе од 80.000 граѓани во вонредни услови на Битола и околните општини. Сметам дека дадовме некаков мир и многу надеж на граѓаните особено во ноќните часови карантин дека имаат каде да се обратат и да земат лекови. “Роса Вита“ и тогаш и денес 24/7 во служба на граѓаните на град Битола и околината, бидејќи ние и после завршувањето на карантинот продолживме да работиме 24/7.
-Една година потоа повторно сме на своите работни места, но со зголемен број луѓе млади, енергични, бидејќи тука ќе нагласам дека притисокот кој го носи пандемијата и не истроши па затоа не има и во поголем број. Значи не дека има повеќе работа или материјални средства, туку за да се заштити мојот тим се зголеми бројот со нови сили и тоа образувани млади луѓе, полни со енергија. “Роса Вита“ трае сите овие години, му благодарам на Бога за да издржам во градење на довербата кај пациентите, клиентите, кај специјалисти, матичните лекари и стоматолози.
За крај честитка од тимот на “Роса Вита“ до сите свои клиенти, пациенти, лекари, специјалисти и други соработници.
-Денеска за нас е посебен ден, ден кој ни дава можност да исцртуваме насмевки во нашите лица затоа што сме успеале уште една година да бидиме ние тие кои Вам сме ви помогнале во најтешките денови. Вашата доверба и подршка ни помогна да се качуваме по скалите на успехот. И оваа година ни овозможивте да се радуваме на бројот 19. 19 години труд, 19 години влог се причините зошто денес заедно со Вас го прославуваме овој ден. Се надеваме дека како до сега, така и од овој ден понатаму ќе бидеме ние тие најдоверливите кај Вас. Овај ден, ние го сметаме како нов предизвик за нас. Предизвик кој што заедно со Вас ќе ни овозможи заедно да славиме уште поуспешна 20-ка, 21-ва, 22- ра и се така до бескрај. Од срце Ви благодариме што сме Ваш прв избор кога се работи за лекови. Да не бевме сите заедно, ние а и Вие наши драги пациенти, овој ден за нас ќе беше невозможен. Останете во добро здравје и се гледаме само за добро!
Жанета Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”695″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






