Разговорот го водеше: Жанета Ристевска
За разговорот се сретнавме во фитнес центар и теретана “City gym“. Околу нас долги зидови исцртани со современи урбан арт графити кои ме фасцинираа и освоија на прв поглед. Модерна музика со јак ритам… Нашиот соговорни и еден од сопствениците, Борче Стојановски, не носи да го разгледаме и другиот дел опремен со најсовремни справи за кардио и други вежби кои ни ги објаснува детално. Наоколу огледала, постери со набилдани спортисти и целата атмосфера ја дополнува енергична музика со ритам каков и што е потребен за вежбање и дигање тегови. Атмосфера како да снимаат кадри за спот или филм.А нашиот соговорник боди билдин шампионот Борче Стојановски со опасен изглед на момците од спотовите на мотор, развиен, јаки, со обликувани мускули и тетоважи токму на места каде што треба. Страшно опасно добро изгледа… Заради тоа и ја освои и носи титулата апсолутен првак на Боди билдинг купот на Македонија. Голем впечаток ми остави кога низ разговорот што го водевме и низ повеќето прашања кога ги спомена неговите две ќерки … како целиот негов опасен изглед се промени и доби еден поинаков сјај во лицето и емоциите превладаа. Го откри и своето големо срце зад големите мускули.-Моите две ќерки Александра и Сара постојано доаѓаат во теретаната и ме бодрат во напорните тренинзи. Никогаш нема да заборавам како ме поддржуваа и бодреа последните недели и денови пред настапот на Купот. Тие водеа дневник и календар за мене со тоа кога тренинг, кога и што да јадам или пијам. Во тие последните и исцрпувачки денови пред настапот на кои денови се и најригорозни во диета и 1-2 дена без вода, тие ми даваа надеж и поттик да истраам. Мислам дека тие ми се и наследнички и ќе ја продолжат традицијата на боди-билдингот како спорт во нашето семејство, вели Борче.
Споменавте традиција во овој спорт поврзана со вашето семејство. Кажете ни повеќе околу тоа и како започнавте да се занимавате со овој спорт? Кои ви беа идоли?-Морам да нагласам дека уште како мал, поттик за спорт воопшто, а и овој ми беа моите два вујковци, браќа на мојата мајка. Тие ми беа како модели со кои се идентификував. Едниот Гоце Стојановски – Дивотосе занимаваше со боди-билдинг и држеше своја теретана и фитнес центар – “Титан“ (кај Чинарот), а другиот Борче Костов повеќекратен шампион во мото крос трки. Јас бев на возраст околу 10 години кога започнав да одам во фитнес клубот и центар “Титан“ и некако како да ми влезе овој спорт во крвта, таму и започнав и да тренирам, а потоа бев станав инструктор. Инаку идоли во боди билдинг во тој период кога бев мал ми беа Серџо Олива и Луј Фарино кои беа на времето многу популарни и ние сите како мали им се восхитувавме. Кога зворуваме за традиција, според мене боди-билдингот во Битола има голема традиција и затоа не случајно има толку битолчани кои се занимааат со овој спорт, кој од ден на ден станува пополарен.
Уште од многу мал навлеговте во тајните на овој спорт. Тука се вежби за посебни делови од телото, а исхрана која е многу значајна кога станува збор за овој спорт. Сето тоа искуство го пренесовте во фитнес центар и теретана “City gym“. Кажете ни повеќе околу тоа?-Да, уште од многу мал започнав со тренинзи и тука би ја нагласил дисциплината на вежбањето и тренинзите и секако исхраната како значаен фактор во обликување на телото. Искуството го пренесував како инструктор на други помлади спортисти кои навлегуваа во овој спорт. Најпрво бев инструктор во фитнес центарот “Титан“ , а сега и тука во теретаната “City gym“. Која ја отворивме заедно со мојот брат, Пеце во јануари 2017 година јас како тренер и инструктор, а мојот брат го надополнува искуството во нутриционизам во смисла на здрава храна и суплементи. Тука е неговата продавница за здрава храна, суплементи и спортска опрема “Хард Кор шоп“, а сето тоа е вклопено во овој фитнес центар. Заради тоа и центарот го посетуваат многу спортисти и за кратко време стана место каде се тренира во добро опремени услови и добра атмосфера. Сигурно ја почувствувавте добрата атмосфера која секако е значајна за вежбање. Тоа е тој психолошкиот дел кој би го истакнал како значаен во боди билдингот. Важен е поттикот, мотивацијата да се истрае во напорните тренинзи. Ние сакаме нашите клиенти да бидат задоволни. Овде добиваат совети за целиот севкупен изглед. На некои од нив јас им сум и посебен тренер и по некоку сати на ден со совети за вежби и исхрана. Морам да кажам дека културата за тренинг во овој спорт е многу променета во последниве наколку години. Повеќе се обрнува внимание на изгледот на телото особено во овие месеци пред доаѓањето на летото, кога секој сака да биде во добра форма. Тука зборувам како за мажи така и за жени. Исто така и во поглед на исхраната, порано имаше некои предрасуди околу суплементите дали се штетни или не за здравјето, но сега се знае дека без некои од нив не може да се замисли тренирањето на овој спорт, особено натпреварувчки.
Споменавте дека ако одиш во натпреварувачки води овој спорт е многу напорен. Кажете ни повеќе околу тоа ?-Со овој спорт повеќе години се занимавав да речеме аматерски и тогаш тренинзите се два до три пати неделно и се рабира со посебен начин на исхрана односно повеќе протеини. Потоа бев инструктор и тренер на повеќе боди-билдери кои се докажаа и освоија медали на државни натпревари, и јас се почуствував подготвен и во добра форма, за да се докажам на натпревари. Така мој прв настап беше на Купот на Македонија во април 2017 година во полутешка категорија каде освоив златен медал. Тоа ми даде поттик за понатамошни тренинзи кои сега беа поинтензивни и напорни. Така за овој Куп на Македонија кој се одржа во Битола пред 14 дена јас напорно тренирав 5-6 месеци пред одржување. Последните 2 месеци ефективно, со тренинзи 4-5 пати неделно по 2 часа. Исхраната чисто протеинска, 1 кгр. пилешко варено, 40 јајца, зеланчук (брокула, спанаќ), житарици, а плус на тоа и суплемнти со витамини, аминокиселини… Последните недели се особено напорни кога се прави шок на организмот без воопшто да се внесува масти и шеќери. Психолошки е многу тежок период. Јас тука би споменал дека немаше да успеам без поддршката моите две ќерки. Тие две цело време ме бодреа и поддржуваа пред последниот натпревар. Александра која има 10 и Сара 7 години беа постојано со мене. Направија календар буквално со се што треба да правам, јадам и пијам. Заслугата за последната победа е нивна и на мојата сопруга Маја која целосно ме подржува и смирува кога сум во “негативно расположение“. Заради тоа можам да кажам дека медалот кој го освоив на Купот на Македонија, овде во Битола е за нив.
На боди-билдинг купот на Македонија, кој го организираше боди-билдинг федерацијата на Македонија, заслужено ја добивте титулата апсолутен првак на Македонија во тешка категорија, над 91 кгр. пред битолската публика каде боди-билдингот има традиција. Како се чувствувавте со победата пред своја публика?
-Морам да кажам дека битолската публика знае да добро да процени кој колку вложил. Јас пред сите мои битолчани бев многу горд. Убаво се чувствува човек кога сите го поддржуваат му честитаат и тоа дава мотивација за понатаму. Се надевам дека нема да ги изневерам сите оние кои веруваат во мене и ме почитуваат. Исто така морам да споменам дека на овој Куп имаше и натпреварувачи од фитнес центар “City gym“ кои сите тренираат под мои инструкции. Тоа се: Владе Станковски, Петар Стојановски кој освоија медели, во повеќе категории и во женска конкуренција Марија Здравевска кој се осмели да излезе да се натпреварува. Јас тука би им честитал на сите други натпреварувачи од другите клубови од Битола и цела Македонија кои освоија медали.
Кои се вашите идни планови?
-Пред мене претстои Европско првенство и шампионат во боди билдинг во Шпанија – Санта Сузана кое ќе се одржува од 2-7 мај за неколку дена, што се вели. Во него ќе се натпреваруваат 1.500 натпреварувачи и ќе има силна конкуренција. Јас ќе одам како член на македонската боди билдинг репрезентација. Со мене ќе настапуваат уште и Горан Тромбев од Битола и Гоце Мојсовски од Охрид. Значи после малку одмор повторно тренинзи и строг режим на исхрана. Околу ова јас овде би истакнал дека натпреварувачки боди билдингот е и доста скап спорт. Еве јас без поддршка на спонзори не би можел да учествувам. Тоа се “Хард кор шоп“ за здрава исхрана и суплементи. “Евротип“ кладилници и “Премиум“ пиво. Тие ми помогна околу трошоците за котизација за учество, авионска карта, сметување во хотел. И тука е исхраната и суплементите кои се многу скапи и без поддршката од “Хард кор шоп“ не би можел да си ги дозволам. Ако ви споменам дека се работи за неколку илјади евра, можеби нема да ми верувате. Затоа и јавно им се заблагодарувам на моите спонзори.
Кога го прашавме на крај која е мотивацијата за сето ова. Со широка насмевка ни вели:-Едноставно боди билдингот ми е како зависност, болест, како што викам јас, да се биде во топ форма.Сето ова ни го кажа искрено од “душа“ што се вели. Кога нешто се прави со душа и срце тогаш не изостануваат медали и награди. Му посакуваме и медал на Европскиот шампионат во Шпанија. А во сопствениот град Битола секако ќе биде пречекан како победник!
Фото: Сашо Ристевски