Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола продолжува со својот разјов, а за утре среда, 20 јули, е закажано свеченото отворање на новиот супер маркет кој се наоѓа кај паркот кај основното училиште “Стив Наумов“.
Според најавата од “Ангромаркет“ новиот супер маркет има површина од 400 м2, а битолчани од вој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе илјади производи.
Супермаркетот на “Ангромаркетинг“ на купувачите им нуди и сопствен паркинг простор, кој се наоѓа пред влезот, со што ќе биде олеснета комуникацијата.
Како и во останатите супер маркети и тука, како рековме претходно, ќе има прехрамбени производи, хемиски и козметички производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Во “Ангромаркет“ по специјални цени ќе се продаваат сопствените производи на “Лозар“ и “Жито Битола“, а секако ќе се стартува со голем број на призводи кои ќе се продаваат по акциски цени, со “гратис“ за купен производ+подарок, а ваквите попусти и поволности за купување ќе продолжет и во наредниот период.
[ngg src=”galleries” ids=”755″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






