Ден после најголемиот спортски настан во Скопје – Скопскиот Маратон, а сѐ уште се чувствува енергијата на улиците и сѐ уште се зборува само за тоа. Луѓето радосно го споделуваат своето искуство и раскажуваат за откривањето на нова, подобра верзија од себе.
Информацијата дека целта ја минаа повеќе од 10 илјади луѓе од преку 50 држави е доволен доказ дека се срушени сите граници и дека е исполнето и невозможното. Неопислива е сликата која зрачи со сплотеност и духот кој се чувствува пред, за време, и после трката.
Стопанска банка а.д. Битола ги бодреше и на целта ги пречекуваше илјадниците насмеани лица кои зрачеа со посебен сјај. Во соработка со BeHealthy, а во насока на поддржување на здравите навики Банката подели и рачно изработени 100 проценти природни хранливи производи за враќање на енергијата после истрчаните километри.
Стопанска банка а.д. Битола им честита на сите учесници на Скопскиот Маратон и искрено им посакува уште многу вакви успешни приказни на сите оние кои веќе еднаш решиле да ги померат своите граници.
Во оваа трка победници се сите оние кои застанале на стартната линија, сите оние кои со секој изминат чекор ја оставиле својата трага па дури и во моментите кога мислеле дека не можат храбро продолжиле и откриле дека сјајот пред целта ги засенува сите изминати километри, а чувството на целта е БЕСЦЕНЕТО!

Стопанска банка АД Битола: Чувството на целта – БЕСЦЕНЕТО!
More from НекатегоризираноMore posts in Некатегоризирано »
- Триумф во Битола со “стотка“ над Тиквеш, “пет од пет“ во плеј-офот за загревање за полуфиналето МЗТ Скопје (фотогалерија)
- Во среда, со смеа, за среќа, со Блаже Докуле
- Модерниот свет на карикатурите на проф. д-р Јордан Ѓорчев
- Во среда, со смеа, за среќа, со Блаже Докуле
- Модерниот свет на карикатурите на проф. д-р Јордан Ѓорчев





