Press "Enter" to skip to content

Отворен новиот хотел на “Ангромаркет“ во комплексот “Винарска визба Лозар“ (фотогалерија)

Пред неколку месеци се отвори ресторанот и винаријата “Винарска визба Лозар“ која веднаш по отворањето стана многу познато и  привлечно место за сладокусците на  добра храна и се разбира добро вино, а тоа е избор од најразлични вина од разни производители.

Во комплексот  на винаријата “Винарска визба Лозар“ овие денови се отвори хотел со 14 модерно уредени соби каде гостите можат да уживаат во нивниот престој надополнет со убава храна и вино.Менаџерот  на овој, сега цел угостителски комплекс, на винарија, хотел и ресторан “Винарска визба Лозар“,  Оливер Митревски, при разгледувањето на модерниот хотел надополнет со традицијата ни  рече:

-Новоотворениот хотел кој се наоѓа на сега веќе добро познатиот комплест на “Ангромаркет“ – “Винарска визба Лозар“ има капацитет од 14 потполно нови соби во кој е вклучен и претседателски апартман. Дел од собите се двокреветни, трокреветни и со “француски лежај“, а сите се климатизирани, со нов мебел, постелнина, според сите хотелски стандарди. Гостите во хотелот можат да ги користат услугите на ресторанот кој има добра храна и најразновидни вина кои уживателите на добро вино може да ги конзумираат изложените вина во изложбениот салон. Хотелот за гостите има бесплатен и безбеден паркинг.

Дел од собите, што е посебна атракција, се сместени во поранешните силоси каде  се произведувало  и виното. Заради цела таа  традицијата на поранешните силоси на “Лозар“ –  Битола во хотелот тие сега се претворени соби за сместување.При разгледуваето  видовме соби со интересен изглед на зидови, со дела “отсликани“ од природната ферментација и “стоење“ на виното. На зидовите се прелеваат најразлични бои кои уметник не може да ги наслика, а ги насликало виното. Се воодушевивме  од прекрасниот изглед на внатрешноста на собите кои изгледаат модерно секоја има отсјај на боите кои преовладуваат во неа во зависност од паѓањето на светлината. Изгледаат некако футуристички. 

Менаџерот Митревски ни кажа дека веќе во хотелот престојуваат првите гости, а за идните гости хотелот има посебни попусти и новитети.

-Во рамките на новата понуда за гостите која веќе е презентирана им нудиме попусти за групни тури и за редовни гости. Исто така хотелот нуди попуст за гости од странски земји кои ќе престојуваат подолг период преку летото за време на годишните одмори, а ние сме подготвени на овие гости да им понудиме посебна понуда, секако според тоа колку планираат да престојуваат во нашиот хотел и кој дополнителни услоги ќе сакаат да ги користат.Амбиентот ви го доловуваме низ фотографии, а атмосферата на љубезен персонал, добра храна и вино мора сами да ја почуствувате  и да го посетите комплексот на ресторан, винарија и хотел “Винарска визба Лозар“ Битола.