Светските економски текови јасно ни даваат до знаење дека во се „погладниот за храна“ свет, земјоделието како гранка завзема една од највисоките позиции во целата индустрија.
Синоним за квалитетна работа во земјоделието е светски познатата американска компанија “JOHN DEERE“, која со своите техничко –технолошки иновации е постојан, вистински истакнат и докажан ЛИДЕР во сегментот на производство на земјоделска механизација и технички решенија во таа индустриска гранка.“СИНПЕКС“ Битола пак е компанија, долгогодишно неприкосновена на првата позиција на пиедесталот во продажба на лесна и тешка механизација, машини и опрема.
“ЗК Пелагонија“ е несомнено најголемиот производител на храна во цела Македонија , па и пошироко.
Сите овие три моќни брендови, својата сила ја обединуваат и ќе одржат презентација на 11. мај, каде ќе се прикажат можностите на повеќе современи машини опремени со најиновативни системи.
Оваа прилика ќе ја искористиме, сите заеднички да го прославиме и стогодишниот јубилеј од првиот произведен John Deere трактор.