Совршен начин да ја подготвите кожата на рацете и стапалата за месеците во кои ладните температури не и годат.
Најбрз начин за нега и регенерација на кожата. За овој третман се користат посебни восоци кои се загреваат и кои на тој начин продираат длабоко во кожата. Со парафинскиот третман исто така се забрзува и циркулацијата, што е посебно погодно за луѓе на кои рацете и нозете им се постојано ладни.
Парафинот е од растително потекло и не е штетен за организмот. Пред употреба на третманот потребно е кожата да биде претходно исчистена и дезинфицирана со специјални препарати. Потоа рацете (или стопалата) се пакуваат во парафин по што се ставаат во специјални електрични парафински ракавици (ногавици).
Се препорачува за оние лица кои имаат сува и оштетена кожа како и оние кои имаат проблеми со циркулацијата.
Закажете го ова уживање во “Боди М“ уште денес,
тел: 047 242 298, “Солунска“ бр. 284 во Битола.






