Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Замрзнаа Пелистерските очи

Ладниот бран кој деновиве ја зафати Битола, кај битолчани вратија многу зимски спомен.

По топлото време кое го имавме во септември, а посебно во октомври, сите се вративме во реалноста дека е доцна есен и дека ладното време е реалност.

За разлика од Битола, град кој вчера беше најладен во Македонија со -8, на Пелистер (Баба Планина) е многу поладно.

Вчерашниот студ на Пелистер, проследен со ладе ветар придонесе, двете езера на Пелистер, кои уште ги нарекуваме “Пелистерски очи“, да ги зафати мразот, а познавачите на планината велат дека “вака оковани“ од мраз ќе бидат до напролет.

-Ова време секогаш езерата се под мраз. Јас сум бил на Пелистер, на врвовите повеќе од 600 пати. Паметам во моето четириесет годишно планинарско искуство дека имало мраз и многу порано, но оваа година бев на езера на 11 октомври и “малку ми фалеше“ да се искапам, што значи дека беше една од потоплите. Но,и вака со мраз езерата се предизвик за освојување, вели искусниот планинар, Драган Ристевски.

Сега наместо на социјалните мрежи да гледаме како битолчани се капат во “топлите“ води на Големо езеро, сега ќе гледаме како се “шетаат“ по дебелиот мраз.

Вака замрзнато езерото, да се биде таму, да се фотографира или да се прошета по него, ќе биде посебна привилегија за оние кои ќе најдат сили да стигнат до таму.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »