Систина Офтaлмолoгијa веќе стана регионален центар за ласерска корекција на диоптрија која како дел од групацијата Свјетлост има направено повеќе од 100.000 успешни интервенции. Систина Офталмологија е единствена очна болница која има 4 дијагностички центри во Битола, Тетово, Гостивар и Штип.
Ласерска корекција на диоптрија е една од најмодерните интервенции на денешницата за ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за отстранување или намалување на диоптријата/цилиндерот. Со ласерската корекција на диоптрија се корегира/отстранува ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер). Во одредени случаи може да се отстрани и повисока диоптрија. Кај сите оние пациентите кои што не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија, нашите доктори заедно со нив наоѓаат најсоодветно решение според нивните потреби и здравствена состојба.
Прегледот за ласерска корекција на диоптрија е првиот чекор кој треба да го направи секој оној кој сака да се ослободи од очните помагала. Тој е еден вид систематски преглед на окото бидејќи се анализира секој дел од окото и воедно е и гаранција за успешноста на интервенцијата. Прегледот трае час и половина а се состои од проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок, снимање со пентакам, ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија. Систина Офталмологија ја има најсовремената дијагностичка и оперативна апратура за изведување на прегледот и самата интервенција. Пентакамот претставува 3Д анализа на окото со кој може да се воочат и одредени аномалии на окото за кои сеуште нема симптоми. Тој се смета за златен стандард во рефрактивната хирургија.
Ласерската корекција на диоптрија е брза и безболна интервенција која трае само 5 минути од око. Ласерот со кој се изведува оваа интервенција во Систина Oфтaлмологија се смета за еден од најбезбедните ласери. Тој има и вграден систем за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) кој овозможува врвна прецизност во изведувањето на интервенцијата и заштита на окото. Оваа интервенција во Систина Офталмологија се смета за рутинска процеудура која се спроведува согласно сите протоколи и стандарди на светската офталмологија. Искусниот хирушки тим и врвната апаратура, како и за сите други интервенции, се гаранција за успех и големиот број на позитивни искуства во болницата.
Прегледот за ласерска корекција се прави во дијагностичкиот центар во Битола од страна на доктор Александра Гочева Јерчиќ, а интервенциите се вршат во болницата во Скопје. По интервенцијата целосното следење на пациентот се прави повторно во дијагностичкиот центар каде што ја имаат целосната историја на пациентот а пациентот за цело време има достапна медицинска нега близу до својот дом.
Ова се дел од позитивните искуства на Битолчани кои направиле ласерска корекција на диоптрија.
https://sistinaoftalmologija.mk/sega-mozham-da-gi-raspoznaam-moite-stranki-vo-sud-kiril-davkov/
https://sistinaoftalmologija.mk/od-golema-dioptrija-do-jasno-gledanje-slavcho-stojanoski/
https://sistinaoftalmologija.mk/iskustvo-angelka-laserska-korekcija-bitola/






