Press "Enter" to skip to content

Никола Свенчев во Битола по четврти пат го извади крстот од осветените води на крстилницата во “Св. Димитрија“ (фотогалерија)

Честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ во Битола ја имаше Никола Свенчев од Битола, кој заедно со уште триесетина момчиња скокнаа во студената вода на крстилницата, а температурата околу базенот, во сенка, беше околу -10 степени.Во базенот во форма на крст во водата во црковниот базен светиот крст го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар, кој на Свенчев му подари осветен крст и Свето писмо.Најреќниот во Битола, Никола, за прв пат крст0т од водите го издади во 2011 година, кој присуствуваше претходно на богослужата во црквата рече: -Шести пат скокам по крстот, а четири пати сум го фатил во светите води. Ова е Господова волја и затоа во моите раце е светиот крст. Крстот во извадив од водите со помош на Господа, а се надевам дека мене и на сите мои роднини, пријатели и сограѓани ќе им донесе среќа во наредниот период. Што се однесува дали претходно сум има среќа по вадењето на крстот од осветените води, ќе кажам да. Црквата и дворот на црквата “Св. Димитрија“ не беа преполни со верници со оглед на тоа што се уште има пророколи, но како и секоја година на Богојавление – Водици, присуствуваа на фрлањето на осветениот крст.Со централната манифестација чиноначалствуваше Владиката Петар, кој со литија прво ја освети водата во крстилницата во дворот на Црквата, а потоа во него скокнаа повеќе од триесетина пријавени верници, а претходно одржа свечена богојавленска литургија внатре во црквата.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на прославата на Водици, му честита н Свенчев и го покани во неговиот кабинет на прием.По повод големиот празник Богојавление – Водици, литургии се служеа во сите православни храмови во Преспанско-пелагониската епархија, а исто така крстот се фрлаше ви сите цркви када имаше голем број верници, кои ги заокружија божикните празници.Со осветувањето на водите завршија некрстените денови кои започнаа со христовото раѓање на Божик.

Текст и фото: С.Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”889″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]