Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: семејно насилство, судар на “бвм“ и полициско “поло“, со воздушна пушка повреден домашен миленик

На 20.01.2022  во СВР Битола 21-годишен жител на село Логоварди пријави дека неговиот татко физички ги нападнал домашните во нивниот семеен  дом во село Логоварди. По документирање на случајот ќе следува поднесок.

На 19.01.2022 во 23.55 часот во СВР Битола пријавено е дека се случила сообраќајна незгода на булевар „Први мај” наспроти Исак Челеби џамија во Битола помеѓу  патничко возило „БМВ“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице  од село Долно Оризари, битолско и патничко возило „фолксваген поло“, сопственост на МВР, управувано од 35 годишник од Битола. Во незгодата, полицискиот службеник – возачот и двајца сопатници, полициски службеницина возраст од 38 и 31 година од Битола се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 19.01.2022  во СВР Битола 38 годишник од  село Г.Оризари, битолско, пријави дека неговиот сосед со воздушна пушка го повредил неговиот домашен миленик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.