Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 109. Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од Битола се 144.
Во Битола до сега има 11.591 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.599 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, три од Битола на возраст од 32, 72 и 79 години, починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица пет лица се целосно вакцинирани.
Во Битола направени се 172 тестови преку ЦЈЗ Битола 65 и преку “Плодност“ 106 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.






