Добитникот на стипендијата Тома Фила, постдипломката од Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, Христина Тоневска остварува едногодишното стручно усовршување во Адвокатското друштво Димитровски, во Битола.
Имено, во рамки на доделената стипендија, Фондацијата застапувана од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, склучи Договор со адвокатот Никола Димитровски, со цел стипендистката Христина Тоневска да остварува едногодишно стручно усовршување и да биде ангажира како адвокатски приправник во канцеларијата на адвокатското друштво “Димитровски“, со цел стипендистот, да остварува едногодишното стручно усовршување кај ова Адвокатско друштво.
Воедно, според Договорот, Адвокатското друштво ја прифаќа стипендистката Христина Тоневска и се обврзува со Договор да ја ангажира како адвокатски приправник стручно да се усовршува во нивната канцеларија, за период од една година, почнувајќи од 13.01.2022 година. За таа цел, Фондацијата се обврзува на стипендистката Христина Тоневска да ѝ исплаќа месечна стипендијa. Покрај тоа, Фондацијата се обврзува на стипендистката Христина Тоневска да ѝ исплати еднократен износ на име на трошоци за упис во Именикот на адвокатски приправници во Адвокатската комора на Република Македонија.
Постдипломката Христина Тоневска е петтиот корисник на стипендијата Тома Фила со којашто УКЛО им дава дополнителен поттик и мотивација на своите студенти.
Е.Атанасоска






