Press "Enter" to skip to content

Во Битола 148 нови позитивни на ковид-19, оздравени 114, починато 1 лице, активни 1.650 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 148. Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.

Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од Битола се 114.

Во Битола до сега има 11.916 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.650 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 80 години починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, десет лица се целосно вакцинирани.

Направени се во Битола 196 тестови преку ЦЈЗ Битола 93 и преку “Плодност“ 103 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.