Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 11 возачи ноќеска возеле под дејство на алкохол

Полициски службеници од СВР Битола на ( 22/23.01.2022) од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол .

Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи.

Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.