На 24.01.2022 во СВР Битола С.С. (46) од Битола пријави дека на 19.01.2022 година, во близина на улицата „Кај ѕвончарите“, од страна на две лица му бил одземен паричник со пари. Според пријавеното, тој се сомнева дека истите му го одзеле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.01.2022 во Пoлициска станица Битола Д.Т. (54) од Битола пријави дека на ул.„Прилепска“ бил каснат од куче скитник.






