Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ на работна средба во ЈП “Комуналец“, тема депониите, возилата за отпад, золошката градина…

Советниците од независната советничка група “Поинаку“ одржаа работна средба со директорката на ЈП “Комуналец“ од  Битола Гордана Наумовска, на која присутвуваа претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Иван Чулакоски и Алмир Адемоски на Наумовска.

Тие на средбата до ЈП “Комуналец“ доставија листа со барања во која се содржани дел од предизборните ветувања, но и барања од граѓани кои во изминатитот период беа доставени до советниците.

-Ги мапиравме дивите депонии во градот и околината кои мора во најскоро време да бидат исчистени, побаравме санација на возилата за собирање на отпад, како и промена во распоредот на собирање на истиот, секојдневно миење и чистење на улиците, како и формирање на комунална редарска служба. Разговаравме и за останати проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Реализацијата на нашите барања ќе ја следиме секојдневно, но и ќе ја дополнуваме листата согласно барањата и потребите на нашите сограѓани, соопштија од “Поинаку“.

Листата на барања се состои:

-Чистење на депонии, кои се мапирани во Битола и околината,

-Поправка/санација на возилата за соборање на отпад,

-Поправка/санација и набавка на нови корпи и контејнери 

-Промена на времето за собирање на отпад во централното подрачје, по 16 часот,

-Почесто собирање на отпад во пазарите, 

-Секојдневно собирање на отпад во детските паркови

-Поставување на заштитни столбчиња по улица “Партизанска“ за заштита на зеленилото

-Оспособување на кафезите во Зоолошката градина, хуман престој на бездомните животни и изградба на прифатилиште за бездомни животни.

-Формирање на Комунална редарска служба согласно Законот за јавна чистота.