Press "Enter" to skip to content

Започнува реализацијата на четири проекти од Програмата за социјална заштита на општина Битола

 Денес, Градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на ОО организација на Црвен крст од Битола, Лилјана Ристевска, потпишаа два договори со кои општината ќе ја продлабочи понатамошната соработка со Црвениот крст, со цел реализација на повеќе проекти во интерес на граѓаните.

–Со претседателот на општинската организација на Црвен крст, потпишуваме два договори, едниот за згрижување на бездомни лица и лица во ризик, а другиот за организирање и реализирање на обука на невработени лица за занимањето. Денес, како дел од Програмата за остварување на социјалната заштита во Општина Битола за 2022, го објавуваме и јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани кои работат во областа на социјалната заштита, каде обезбедуваме финансиска поддршка во вкупна вредност од 640.000 денари на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на социјалната заштита. Како четврт проект е проектот за обезбедување инфраструктура на лицата со попреченост, во домот на тие лица, за што повикот ќе биде објавен по донесувањето на Правилникот од страна на Советот на општина Битола, на седницата која ќе се одржи во понеделник. Овој повик, по објавувањето ќе биде отворен во текот на целата година, до искористувањето на предвидените средства од 1.000.000 денари, изјави Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Претседателката на ОО на Црвен крст, Лилјана Ристевска, нагласи и општината и Црвениот крст во 2022 година ќе се соочат со многу предизвици, особено поради зголемениот број на бездомни лица. Но, со заедничка активност, предвидена е реализација на повеќе активности кои ќе го подобрат животот на социјално ранливите категории граѓани.