На 28.01.2022, полициски службеници од СВР Битола го привеле А.Ќ. (34) од Република Албанија затоа што на ул. „Рашанец“ во Битола физички нападнал 42 годишник од Битола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.01.2022 во СВР Битола, О.С. пријавил дека во село Древеник, битолско, бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.12.2021 на ул.„Рашанец” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 19 годишник од Битола. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.01.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 26 прекршоци.
Полициски службеници на СВР Битола денеска (28 јануари) од 11 до 15 часот, презеле 17 мерки против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.






