Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температура до 7 степени

Денес, недела, 30 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 7 степени.

Утре, понеделник, 31 јануар, во Битола времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од јужен правец. Температурата во Битола до 4 степени.