Со панихида во гробиштата “Св. Недела“ во Битола и историски час беше одбележна 71 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба, Павел Шатев, која беше организирана од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. Во знак на почит беше положено и цвеќе на гробот на Павел Шатев, а историчарот Горѓи Костовски одржа краток говор за животот и делото на Павел Шатев.
Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија. Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија. На 30 јануари 1951 година во Битола, го завршува својот живот.

Чествување по повод 71 година од смртта на Павел Шатев на Светонеделските гробишта во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





