По одложувањето на стартот на второто полугодие од оваа учебна година, учениците од Битола денес е вратија во школските клупи, секако со почитување на протоколите кои се пропишани за одржување на наставата.
Наставата започна во сите основни и средни училишта во Битола со физичко присуство, освен во две средни училишта.
Во гимназијата “Јосип Броз Тито“ наставата само неколку дена ќе се одвива он-лајн поради реконструкцијата на Гимназијата која е веќе завршена, а се чека само добивањето на дозвола за работа на учлиштето, а наставата ќе се одвива во ново, реновирано училиште и во подобрени и осовременети услови за работа.
Во средното економско училиште “Јана Сандански“ наставата ќе биде “он-лајн“ до завршувањето на градежните работи кои се во тек околу целосна реконструкција и обнова на фасадата и дограмата.






