Денес, во општина Битола, се одржа конститутивна седница на Локалниот младински совет. Од двајцата предложени кандидати, за претседател на младинскиот совет, беше избрана Ивана Атанасовска.
Пред деветте членови на младинскиот совет се обрати градоначалникот, Тони Коњановски, кој им посака успешна работа во понатомошниот период и многу конструктивни идеи и предлози, кои ќе придонесат младите да останат во својот град и заедно со локалната самоуправа, да работат на подобра иднина за младите во целата општина.
Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во своето обраќање изрази верување дека познатата реченица: младите се нашата иднина, нема да биде само обична флоскула, туку младинскиот совет со својата работа ќе докаже дека младите можат да направат многу за да се спречи одливот на младата сила во странство.

Се конституира Локалниот младински совет, Ивана Атанасовска претседател
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





