Изминатава година направен е значаен исчекор во превенцијата, дијагностиката и лекувањето на ракот на црниот дроб, истакнува по повод Светскиот ден за борба против ракот, 4 февруари, Координативното тело за борба против хепатоцелуларниот карцином кое го води Клиниката за гастроентерохепатологија во соработка со клиниките за радиотерапија и онкологија, инфективни болести и фебрилни состојби, дигестивна хирургија, Хепар Центар Битола, ГОБ “8 Септември” и Министерството за здравство.
Интердисциплинарна група составен од медицински стручњаци/експерти, министерството за здравство и пациентски претставнци (мултидисциплинарен пристап), испраќа официјално соопштение до медиумите за работата и постигнатите резултати во областа на црнодробниот карцином.






