Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 66.
Регистрирани сe 522 оздравени пациенти од Битола се 11.
До сега во Битола има 13.265 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.019 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица, нема од Битола.
Направени се во Битола 140 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 106 и преку “Плодност“ 34.
Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.






