Денес, недела, 6 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 7 степени.
Утре, понеделник, 7 февруар, во Битола времето ќе биде претежно облачно, попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени.






