На 07.02.2022 во СВР Битола, Ј.М.(38) од Битола пријавила дека во училишен двор на основно училиште во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2022 во СВР Битола, Б.Ш. (44) од село Брусник, битолско, пријавил дека со тврд предмет било извршено оштетување на стакло од влезна врата на времен објект (киоск), кој го користел за продажба на свеќи и цвеќиња, лоциран на пат за црква “Света Недела“ во Битола. Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик.
На 07.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле откриени 17 прекршоци кои биле соодветно санкционирани. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.






