Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во Битола 41 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Денеска (08.02.2022) во периодот од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 41 пешак.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.

Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.