На 10 февруари, по повод Денот на руската дипломатија, во градскиот парк во Битола се одржа традиционалната свечена церемонија на положување цвеќе кон споменикот „Рускиот крст“ посветен на Александр Ростковскиj, рускиот Императорски конзул, кој загинал овде во 1903 година.
Амбасадата на Русија ја претставуваше делегација предводена од Воено и воено воздухопловно аташе Андреј Гугњаев.
На споменикот Руски крст во Битола цвеќе положија и претставници на Рускиот конзулат во Битола.
Во церемонијата земаа учество претставниците на дипломатскиот кор, раководството на општина Битола, градоначалниците на неколку општини, вработени во компанијата Лукоил, сонародници и членови на друштвата за руско-македонско пријателство, како и претставници на Свавјанскиот Универзитет “Державин“.
Свежо цвеќе пред споменикот, положи и Делегација од општина Битола, предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претседателот на Советот Габриела Илиевска.
Цвеќе положија и дел од почесните конзули кои имаат седиште во Битола, на Франција, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Кај Рускиот крст во Битола одбележан Денот на руската дипломатија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





