Press "Enter" to skip to content

Семејството Димовски во атарот на Раштани свечено го зарежаа лозјето за празникот Свети Трифун (фото)

Семејството Димовски од Битола, веќе шеесетина години поседува лозје во атарот на село Раштани, денеска, како и сите шеесет години наназад, со зарежување на лозовите насади, свечено го одбележаа православниот, христијански, празник Свети Трифун.На утринската посета на лозјето највозрасниот Иљо го зарежа лозјето, а претходно во црква со синот Дејан запалија свеќа и се помолија за здравје и родна година. Потоа од зарежаните прачки симболично “сплетија“ и крст кој го поставија на влезот во лозјето. По православниот адет, зарежување на лозјето, домаќините приредија мала гозба за пријателите кои секоја година доаѓаат во лозјето и им посакуваат ними, родна и успешна година, за околу 1.000 килограми грозје колку “тежи“ годишната берба.-Се надевам дека и моите внуци ќе ја продолжат оваа традиција, а тие ќе бидат и новата генерација која не само ќе продолжат со одгледување на лозјето, туку и со оваа македонска, православна традиција во чест на светецот, заштитник на лозарите Св. Трифун, вели Иљо.

С.Ристевски