Директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски, денес престојуваше во Битола и оствари работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола, каде имаше средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Се дискутираше околу поттикнувањето на користење на енергија од обновливи извори, преку соодветни и ефикасни мерки, како и искористувањето на енергетскиот потенцијал, заради обезбедување на поголема сигурност во снабдувањето со енергија.
Подетално се направи анализа околу степенот на искористувањето за производство на електрична енергија од 5 – те хидроцентрали, со кои стопанисува хидросистемот “Стрежево“. Најголем акцент на средбата се стави околу изградбата на фотоволтаичната централа со снага до 1MW, која треба да се изгради на сопствено земјиште на локацијата “Брана“. За фотоволтаичната централа е изработен проект, а истиот се наоѓа во фаза на одобрување пред надлежните институции.

“Стрежево“ кај браната ќе гради фотоволтаичната централа од 1 мегават
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола





