Press "Enter" to skip to content

Во Битола 54 нови позитивни на ковид-19, оздравени 49, починати 3 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 54.

Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти од Битола се 49.

До сега во Битола има 13.905 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 413 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица, две починати лица од Битола  на возраст од 68 и 78 години и едно умрено лице дополнително пријавено.

Во Битола направени се 156 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 111 и преку “Плодност“ 45.

Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.