И овој викенд скијачите, бордерите, рекреативците односно сите вљубениците во зимските спортови и планината од Битола продолжија со забавата во ски-центарот “Копанки“ организирана од хотелот “Молика“ и “Hot Box Копанки“.
Забава не само за битолчани туку и вљубениците на зимските спортови од градовите околу Битола уживаа на ски-патеката Бегова Чешма – Копанки, на сончевата тераса “Бегова Чешма, на платото пред домот “Копанки“ кај “Hot Box Копанки“ и секако на жичарницата кад скијаќите додека се качуваа сами, на свој начин си се забавуваа.
-Како и претходните два викенди така и овој викенд во ски-центарот “Копанки“, како најавивме тука е дестинацијата за полнење на батериите со супер позитивна енергија, адреналин и релаксација. Имаме одлична забава на сончевата тераса “Бегова Чешма“ и секако кај “Hot Box Копанки“ со ди-џеи и промоции, вели Никола Каровски, директор на хотел “Молика“ од Битола.
За посетителите и за скијачите и бордерите кои се одмараа по “пуштањето“ по партеката ги забавуваа Dj Acika на сончевата тераса “Бегова Чешма“ и Dj Sasho Spect – “Hot Box Копанки“.
-Ние сме тука во текот на целата година, а секако дека ни е мило што еве овие викенди кои се зад нас и денешниот прекрасен ден има повеќе посетители. Се надеваме дека сите ќе уживаме во уште некој прекрасен ден или викенд, вели Јовче.
-Денес се надевам дека не е последен ден за скијање, иако патеката е омекната. Се надеваме дека ќе има уште еден снежен бран кој ќе донесе нов снег и ќе ја продолжи сезоната за уште, барем еден викенд. Инаку денес е идеално за скијање, сонце, топлина и без некоја гужва на жичарницата, а можеме да се пуштиме по дваесетина пати и повеќе, што е вистинска привилегија, вели Гоце, кој со ќерката Ангела уживаа во скијање и бордање.
Посебно интересно на жичарницата, топло, сончево време без ветер. Секој си уживаше на свој начин со слушање музика, разговори, фотографирање, селфи…
Секоја фотографија прекрасна, бидејќи без оглед каде е направена, изгледа посебно и раскажува приказна за себе. Дали заради синото небо, огреано со сонцето, природата со боровите, снегот… Се беше магично денес на стазата и ски центарот “Копанки“.
Фотографиите кои ги направивме го покажуваат тоа многу повеќе од напишаните зборови.
Жанета Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”907″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






