Press "Enter" to skip to content

Во Битола релативно топло со услови за слаб локален дожд, од утре заладување

Денес, понеделник, 21 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

Утре, вторник, 22 февруар, во Битола времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 6 степени.