Press "Enter" to skip to content

Од денешната седница на Советот: за мостот се чека согласност од Министерството за животна средина, акциите на ФК Пелистер вратени, Општината го бара хотел “Битола“…

На денешната седница на Советот на Општина Битола. 8. по ред градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше за тековните проекти и реализираното во досегашниот период, а за мостот кај Безистенот рече:

-Имајќи предвид дека состојбата со Мостот кај Безистен, добива во актуелност, се согласувам дека тоа беше непредвидена ситуација, која заради претходно неподготвена документација, доведе до состојба општината да треба да заврши низа постапки и подготовки. Во овој момент, сите процедури кои се однесуваат на нашата надлежност се завршени, добиено е и конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство, а се чека водостопанска согласност од Министерството за животна средина, за да може да се побара одобрение од Министерството за транспорт и врски. Очекувам овие постапки и во државните институции да бидат завршени за краток временски период.

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, по точката број 9. Одлука  за примање дар – хартии од вредност, односно за акците на ФК Пелистер рече:

-Денеска ние ги добивме назад како дар, акциите на ФК Пелистер, кои што претходно ги купи фирмата “Спорт бит“, 188 акции со номинална вредност од 6.150 денари, или вкупна вредност од 18.000 евра или 100% сопственост на Општина Битола. Но, Општина Битола сега покрај акциите има и обврски од најмалку 13 милиони денари, или повеќе од 200.000 евра, што не е конечен долг, идат нови побарувања, кои неофицијално ќе бидат над 400.000 евра, кои мора да ги плати Општината Битола.

Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, Бојан Бојкоски, поднесе иницијатива до Владата за отстапување хотел “Битола“, кој е затворен, општина Битола со цел отворање на сместувачки капацитет за стари лица и за сместување на бездомни лица. Хотел “Битола“ има комерцијален дел од 1.593 метри квадратни, 91 соба, ресторант сала со капациетет за 430 седишта, бизнис-сала со 120 седишта, котлара, перална, магациски простории, работилници, кујна, комори за одржување и смрзнување….