Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 21.
До сега во Битола има 14.288 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 211 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица едно починато лице од Битола на возраст од 73 години.
Направени се во Битола 71 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 56 и преку “Плодност“ 21.
Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431.






