Проректорор на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари средба со студентскиот лидер на УКЛО Симона Наумовска.
Ректоратот на УКЛО заедно со Универзитетскиот студентски Парламент ќе го поттикнат студентскиот активизам со бројни заеднички активности и настани каде директни организатори и учесници ќе бидат самите студенти.
На средбата беше разговарано за УКЛО студенски парк во Битола, студенска академска конференција за истражување, етика и академски пишување, спорт за поттикнување на здравиот дух и тело кај студентите, УКЛО студентска картичка, ооголема и подобра студентска пракса и Еразмус + студентска мобилност и промоција.