Денес, во фоајето на Народниот театар во Битола, се одржува традиционална крводарителска акција која ја организира општинската организација на Црвен крст, во пресрет на 17 март – Денот на крводарителството. На денешната крводарителска акција, присуствуваше и крводарителот со најголем број крводарувања во Битола, Гроздановски Менде, кој со својата 57 годишна возраст, даруваше крв по 141 ви пат.
Крводарителите ги позрави градоначалникот Тони Коњановски и посети и штандовите на кои волонтерите од Црвениот крст, на кој им се заблагодари за нивната хуманост со која придонесуваат за спасување на многу човечки животи, изразувајќи верување дека нивниот пример ќе продолжат да го следат многу млади луѓе.
Вечерва, во Народниот театар во Битола, по повод Денот на Црвен крст на Македонија и одбележувањето на 77 години активна работа, Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Битола, организира театарска претстава насловена ,,Одам на лов”. Цената на влезниците е 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Менде Гроздановски даруваше крв по 141 пат на денешната крводарителска акција по повод 17 март
More from ВестиMore posts in Вести »
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 23 степени
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна





