Проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“ доаѓа до својот крај. Во Лазаревац (Србија), се одржа завршниот состанок со партнерите „Jugendstil“ од Германија, „BARIKANIPE“ од Скопје, „HEEDA“ од Унгарија, “International Initiatives for Cooperation” од Бугарија, библиотеката „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац, Србија како домаќин и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, како координатор на проектот.
На состанокот, битолската библиотека како координатор направи мониторинг на проектот и ги презентираше завршните задачи поврзани со работилниците, брошурата и извештаите од проектот. Вториот ден беше посветен на дефинирање на очекуваните резултати и активности, како и влијанието и одржливоста на последователниот проект. Во одност на тоа, се дискутираше концептот за Стратешкото партнерство „Гордост 2“, а исто така имавме и задоволство да го слушнеме консултантот на библиотеката од Лазаревац, Мирко С. Маркович, кој ги презентираше „Можности и употреба на апликациите за дигитален онлајн речник“.
Проектот е во рамки на клучната акција 204 – Стратешки партнерства за образование на возрасни, финансиран од Македонската агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на ЕУ. „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“ ќе заврши на 30-ти Април 2022 година, а се надеваме на негово продолжување следната година преку последователен проект.

Завршен партнерскиот состанок на проектот “Гордост 1“, битолската библиотека координатор
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




