-Асистирање при реализација на оштетни побарувања“ е темата на која “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола организираше работен семинар за вработените од подружниците низ Македонија. На семинарот кој што се одржа во седиштето на осигурителното друштво во Битола, своите искуства ги пренесоа предавачите Роберт Ѓорѓиевски, раководител на секторот за штети, Љупчо Поповски и Јасминка Димитровска-Босилкова од истиот сектор.
-“СН Осигурителен брокер“ АД Битола е најголем брокер на пазарот на осигурување по број на вработени и по број на експозитури. “СН Осигурителен брокер“ АД Битола несебично вложува во кадри кои сакаат да се надоградуваат во осигурувањето и кои ќе му понудат дополнителна услуга на осигуреникот со максимална посветеност и отвореност. И овој работен семинар е во функција на надоградување на капацитетите на нашиот кадровски потенцијал. Со голема посветеност на сите вработени продолжуваме да бидеме партнер во кој нашите клиенти можат безрезервно да веруваат, вели раководителот на секторот за штети Роберт Ѓорѓиевски.
Ова е втор работен семинар посветен на асистирање при пријава на штети и реализирање на оштетни побарувања со цел да им се обезбеди најефикасна поддршка на клиентите.

“СН Осигурителен брокер“ организираше работен семинар за асистирање при реализација на оштетни побарувања
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “Lozar Wedding & Event Center“ нова романтична дестинација во Битола за најубави животни приказни (фотогалерија)
- Хотел “Капри“: Секогаш тука за вашите најубави моменти
- Есенски планер: работа, обврски и сигурен дом
- Напредна лапараскопска хирургија во болница “Плодност“ – Битола
- Ново ниво на награди во “Евротип“ – најголем избор досега!





