Посетата на Битола на бугарскиот премиер на отворањето на клубот “Иван Михајлов“ во Битола ја одбележаа и протестите кои беа организирани на Широк Сокак, но поради тоа што делегацијата на “Рузвелтова“ дојде од страната на Поштата во Битола, не можеа да ги видат транпарентите кои беа истакнати.
Поради најавените протести и протоколи за високи делегации во Битола имаше многу засилено полициско присуство, а ограничено беше и присуството на лица на свеченото отворање на клубот.
На Широк Сокак, пред “тунелот“ на “Рузвелтова“ на протести каде се истакнати неколку транспаренти против политиките на бугарската влада кон македонското малцинство и актуелните политички случувања во преговорите меѓу двете земји.
Партијата “Левица“ од вчера ги повика битолчани да дојдат на протестот, а на нивните транспаренти беше напишано: “Ве описменивме“, “Гоце = Македонија“, “Македонското малцинство е поголемо од ЕУ“. “Левица“ најстрого ја осудуви дозволата за отворање на ваков клуб во Македонија, премолчувањето за ваквата иницијатива од страна на Владата на Република Македонија која индиректно поддржува рехабилитација на фашизмот.
Од другата страна битолчани истакнаа транспарент “Гробиштата се полни од бугарското пријателство“ и “Европски права за Македнците во Пирин“, а група битолчани протестираа заедно со Владиката Петар и група свештеници, а битолчани беа облечени во карактеристични маици.
На протестот се појави и еден од повозрасните битолчани, кои се борат за правата на Македонските во Егејска и Пиринска Македонија, доктор Никола Костурски кој истакна транпарент на кој пишуваше: ОМО Илинден Пирин, тест за демократијата во Бугарија. Признајте ја ОМО Илинден Пирин во Бугарија.
На протести повикаа и Сојузот на борци од Битола и Заедницата на Македонците протерани од Грција од Егејскиот дел на Македонија.

Протести на Широк Сокак поради посетата на Петков и отворањето на клубот “Иван Михајлов“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




