Press "Enter" to skip to content

Петар Мисовски: доаѓам во Битола во тимот на Бранче

На ревијалниот последен ракометен натпревар на Бранислав (Бранче) Ангелевски во неговиот тим ќе се појави и поранешниот голман на Пелистер и македонската репрезентација Петар Мисовски.

При средбата со него, Мисовски, ни рече дека сигурно доаѓаво Битола.

-Доаѓам во сабота во Битола, и се радувам на тоа бидејќи не само јас туку и сите кои ќе бидеме таму ќе се потсетиме на некои не така далечни години кога заедно ние ракометарите, Чкембарите и сите битолчани се радувавме на успесите на Пелистер. Но, останува едно прашање дали ќе бидам на голот на тимот на Бранче или ќе бидам само тренер на голманите, ни рече Перо, како го познаваат поголем број на битолчани.

Кога се зборува за Ангелевски мора да се каже и тоа дека во својата кариера која ја започна во Пелистер, настапувал и за Вардар, Пролет, Металург (Македонија), Загреб (Хрватска), Винтертур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал Аин (ОАЕ), Констанца – Доброгеа Суд (Романија), а освоил  10 национални првенства и 11 национални купови или  вкупно 21 трофеј.

За репрезентација на Македонија има 159 настапи и постигнал  392 голови.

Во ракометната лига на шампиони има 82 настапи и има постигнато 138 голови.

Картите за овој последен ревијален натпревар на Бранче Ангеловски се веќе пуштени во продажба и се во строго ограничен број, а можат да се набават во Тобако, билетарата на спортската сала Младост, и кафулината Јагода и Пајтон.

Цената на билетите е 50 денари и истите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

С. Ристевски

 

More from БитолаMore posts in Битола »