Press "Enter" to skip to content

Попски паралели пред 85 години и сега, заприметување од синоќешната изложба

На синоќешната изложба на полскиот етнолог и антрополог, Јожеф Обрембски многу јасно се гледа на една фотографија направена пред повеќе од 85 години, како се дарувал попот за извршување на кршевка.

На фотографијата се гледа, а и авторот Обрембски убаво има објаснато дека во Поречкото село, Трбовље, мајката за кршевка на своето чедо попот го наградува само со еден пар чорапи, најверојатно кои сама ги исплетина, тоа го прави со полагање на чорапите на неговото десно рамо.

Но, модераторот на изложбата синоќа убаво кажа дека сите вредности кои се прикажани на фотографиите денес се во одмината фаза на трансформирање и изумирање.

Па така денес поповите не чекаат да ги дарува мајката на божјото чедо кое го крштеваат, туку однапред имаат тарифа за дарување (плаќање) и тоа за сите учесници во кршевката, таткото и кумот и останатите, по цени кои се истакнати во црквите.

Навистина се транформираат работите, но за жал на полошо.